Музички Вести

Ciara е бремена

Ciara потврди дека очекува дете со својот нов сопруг, рагби ѕвездата Russell Wilson. Пејачката ја објави веста преку својот Инстраграм профил на 25 октомври, кога наедно наполни 31 години.

Покрај црно-белата слика со Wilson, таа напиша: “На овој посебен роденден добив мноштво љубов од пријателите и семејството... и возбудена сум што конечно може да споделам еден од најголемите подароци што Господ може да ги подари...“ Пораката ја заврши со емитикони од бебиња.

Од врската со бившиот свршеник, раперот Future, таа го има 3-годишниот син Future Zahir.

26.10.2016
Музички времеплов
  • 1972 - На концерт во Вашингтон, Smokey Robinson го има последниот настап со Miracles.
  • 2000 - Coldplay доаѓаат на првото место на британската албумска листа со дебито 'Parachutes'. Trouble
  • 1994 - Саундтракот на филмот 'The Lion King' започнува 9-неделен престој на првото место на американската албумска листа. Elton John - Can You Feel The Love Tonight
  • 1995 - Рап пејачката Queen Latifah станува жртва на неуспешен обид за кражба на автомобил. Нејзиниот телохранител е застрелан и завршува со повреди.
  • 2000 - Corrs покреваат петиција до Европската комисија за запирање на интернет пиратеријата. Manic Street Preachers и Spice Girls исто ги ставаат своите имиња на петицијата.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје