Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1954 - Роден е Ronald Beitle од Wild Cherry (1976 USА No.1 & UK No.7 'Play That Funky Music').
  • 1963 - Роден е продуцентот, ремиксер и диџеј Paul Oakenfold.
  • 1969 - Elvis Presley е на првото место на британската албумска листа со 'From Elvis in Memphis'
  • 1988 - Сопругата на Bruce Springsteen, Julianne бара развод откако весниците објавуваат фотки од Springsteen со придружната вокалистка Patti Scialfa.
  • 1986 - USА No.1 Steve Winwood 'Higher Love'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје