Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1988 - Сопругата на Bruce Springsteen, Julianne бара развод откако весниците објавуваат фотки од Springsteen со придружната вокалистка Patti Scialfa.
  • 1989 - Billy Joel го отпушта својот менаџер и поранешен шура Frank Weber, поради несогласување. Joel го доведува Weber до суд и го тужи за 90 милиони долари.
  • 2003 - Умира Sam Phillips, основачот на Sun Records. Phillips го смени ликот на американската музика, снимајќи со Elvis Presley, Carl Perkins, Ike Turner, B.B. King и Jerry Lee Lewis.
  • 1969 - Elvis Presley е на првото место на британската албумска листа со 'From Elvis in Memphis'
  • 1986 - USА No.1 Steve Winwood 'Higher Love'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје