Спортски Вести

Пораз на македонските кошаркари

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа и вториот пораз на Хуавеи турнирот во Литванија. Oвој пат подобра беше селекцијата на Турција која победи со убедливи 85-68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14).

Македонскиот национален тим го одигра најлошиот натпревар во подготвителниот период за Евробаскетот 2015. Во најголем дел нашата селекција имаше тешкотии во организацијата на нападот и пренесувањето на топката на противничката половина, па заслужено победата отиде кај Турците.

Во финалниот натпревар на турнирот, Хрватска беше подобра од домаќинот Литванија со 72:59 со што го освои првото место.

По овој турнир, македонската репрезентација патува за Шпанија, каде ќе одигра две контролни средби против „црвената фурија“.

20.08.2015
Музички времеплов
  • 1980 - USА No.1 Lipps Inc 'Funkytown'
  • 1969 - Plastic Ono Band ја снима 'Give Peace A Chance' додека трае кампањата 'во кревет' во канадски хотел.
  • 1986 - Peter Gabriel го добива вториот британски бр. 1 албум 'So' на кој се хитовите 'Sledgehammer' и дуетот со Kate Bush, 'Don't Give Up'.
  • 1976 - The Who влегуваат во Гинисовата книга на рекорди како сопстевници на најгласниот рок концерт од 120 децибели.
  • 1964 - Роден е MC Darryl 'D' McDaniels од Run-DMC.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје