Спортски Вести

Победа за Вардар, пораз на Металург на стартот на турнирот „Вардар 2015“

Македонскиот ракометен шампион Вардар стартуваше со победа на турнирот што синоќа почна во Скопје. Вардар во натпреварот од 1.коло го победи хрватскиот тим Нексе со 36:26 (20:10). „Црвено-црните“ одлично го почнаа дуелот и на крајот постигнаа двоцифрена победа. Новиот играч Александар Деревен со 6 голови беше најефикасен, додека по 5 постигнаа Игор Карачиќ и Тимур Дибиров.

На дуелот од групата Б македонскиот претставник Металург загуби од првакот на Шведска Кристаијанштад со 28:21 (17:12). Јанко Божовиќ и Марко Матиќ кај Металург беа најефикасни со по 5 голови.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

- Ми причинува задоволство што во нашиот град се одржува еден врвен турнир со силни екипи. Честитки за Вардар и за машкиот и за женскиот клуб и им посакувам уште многу години да го организираат овој турнир, а на гледачите им порачувам да дојдат и да не ги пропуштат врвните натпревари, изјави Трајановски.

Ова е прво издание на турнирот „Вардар", а посветено е на првиот роденден на СЦ „Јане Сандански" и хотел „Русија".

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1946-роден е гитаристот Matthew Fisher, член на Procol Harum со кои во 1967 година го има хитот A Whiter Shade Of Pale.
  • 1955-Blue Suede Shoes на Carl Perkins влегува на R&B листата во Америка.
  • 1917-во Америка снимена е првата џез плоча под наслов The Dixie Jass Bamd One Stop во изведба на Original Dixiland Jazz Band.
  • 1964-хитовите "I Want to Hold Your Hand" и "She Loves You" на Beatles-и се едно до друго, на првата и на втората позиција на американската синглска листа.
  • 1975-издаден е албумот "Young Americans" на David Bowie.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје