Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1997 - USА No.1 Notorious B.I.G. & Puff Daddy & Mase 'Mo Money Mo Problems'
  • 2003 - Умира Sam Phillips, основачот на Sun Records. Phillips го смени ликот на американската музика, снимајќи со Elvis Presley, Carl Perkins, Ike Turner, B.B. King и Jerry Lee Lewis.
  • 1969 - Elvis Presley е на првото место на британската албумска листа со 'From Elvis in Memphis'
  • 1954 - Роден е Ronald Beitle од Wild Cherry (1976 USА No.1 & UK No.7 'Play That Funky Music').
  • 1963 - Роден е продуцентот, ремиксер и диџеј Paul Oakenfold.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје