Спортски Вести

Пријавени 24 пливачи за 29-тиот Охридски пливачки маратон

Дваесет и четири натпреварувачи од кои 12 мажи и исто толку жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија имаат пријавено учество на 29-тиот по ред Меѓународен пливачки маратон што в сабота 29. август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Меѓу пливачите од светската маратонска елита оваа година боите на Македонија ќе ги бранат нашите маратонци Томи Стефаноски и Евгениј Поп Арсов.

Охридскиот пливачки маратон се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“  до Градското пристаниште во Охрид, со вкупна должина од 30 километри.

Организатори на  маратонот се Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата. Оттаму со информација дека сите активности во врска со настанот се во завршна фаза. Општина Охрид и оваа година целосно ја презема одговорноста околу техничката организација  на маратонот, што подразбира  поддршка околу организацијата  во поглед на чамци за придружба, контролни чамци, глисери, бродови, детали околу организирањето на културно–забавниот дел на  манифестацијата на самата цел, како и нуркачи, спасувачки  екипи  и друго.

За охридската локлана самоуправа Охридскиот пливачки маратон е настан од посебна важност, бидејќи како настан од светски рамки, придонесува за афирмација на Охрид како спортски и туристички центар.

25.08.2015
Музички времеплов
  • 1997 - UK No.1 Elton John, Bono, Tom Jones, David Bowie и редица други изведувачи со добротворниот сингл 'Perfect Day'
  • 1941 - Роден е Denny Doherty од Mamas And The Papas. 'Monday Monday'
  • 1999 - Пејачот на Oasis, Liam Gallagher, исчезнува откако три дена претходно ја напушта својата куќа. Бендот на крајот на неделата треба да патува во САД на турнеја.
  • 1976 - Локалната власт во Ланчестер Поли, Англија го забранува концертот на Sex Pistols. Претставникот изјавува: 'Не сакаме таква грдотија во границите на градот'.
  • 2001 - Поранешниот член на Beatleѕ, George Harrison, умира од рак на 58 години. Сочуство за George искажуваат британската Кралица, George Bush, Paul McCartney, Ringo Starr, George Martin и гитаристот на Oasis, Noel Gallagher.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје